УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ, ФАТЕНИ СО ДРОГИ ВО СТАН Двајца од уапсените се малолетни

При претрес во домот на дваесетгодсишниот Д.П., извршен со судска наредба, во него биле затекнати и еден 18-годишник и двајцата малолетници.

424

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје синоќа во населбата Ѓорче Петров ги уапсиле Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје.

При претрес во домот на Д.П., извршен со судска наредба, во кој биле затекнати и Д.М. и двајцата малолетници, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, семки од растението канабис и дигитална вага, додека кај еден од малолетниците била пронајдена и одземена прашкаста материја.






За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини