УАПСЕНИ АТЕНТАТОРИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАНДИДАТ ВО ЕКВАДОР Нападот го извршиле шестмина Колумбијци

Кандидатот за претседател на Еквадор, Фернандо Вилависенсио, беше убиен за време на предизборен митинг во главниот град Кито.

670

Шест лица од Колумбија се уапсени под сомнение дека го извршиле атентатот врз претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио во Еквадор.

Вилависенсио беше убиен за време на предизборен митинг во главниот град Кито. Еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба и тридневна жалост во земјата.






Колумбијците биле фатени во куќа во Кито во која полицијата запленила четири ловечки пушки, пушка калибар 5,56 мм, муниција и три гранати, како и автомобил и мотоцикл.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Хуан Запата соопшти дека уапсените имаат врска со организиран криминал, посочувајќи дека убиството е „политичко злосторство од терористичка природа“ чија цел е саботирање на изборите што треба да се одржат на 20 август.

Поврзани содржини