УАПСЕНИ 9 ДРСКИ ВОЗАЧИ Полицијата казни дури 540 лица за пребрзо возење
Полицијата вчера казнила и еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло.
Полицијата вчера уапси деветмина возачи – двајца поради прекумерно присуство на алкохол во крвта (над 1,5 промили) и седуммина поради управување со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР.
Во вчерашните редовни сообраќајни контроли низ цела Македонија полицијата им издала 772 платни налози на возачите. Од нив, дури 540 се за непочитување на пропишаната брзина на движење.
Биле евидентирани 41 прекршок за неправилно паркирање, 50 возачи управувале возила без возачки доволи, а кај 28 возачи е регистрирано присуство на алкохол над законски дозволеното ниво.
Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани се и 14 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем, 9 лица за користење мобилен телефон при возење, како и 16 возачи или совозачи што не користеле сигурносен појас.
Казнети се и еден пешак и четворица возачи што минале на црвено светло.
Согласно Законот за возила, 13 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 2 заради техничка неисправност, информира МВР.