УАПСЕНИ 4 СРПСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ И МЕНАЏЕРОТ НА РЕСТОРАНОТ „27“ Им помогнале на убијците на Баја, кој беше најден во буре

Четворица припадници на Интервентната полициска единица во Белград се приведени под сомнение за неколку кривични дела што се случиле на 5 ноември 2025 година, соопшти денеска Вишото јавно обвинителство (ВЈО).

21

Приведени се командантот на Интервентната единица 92 и неговиот помошник поради сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со влијание во соизвршителство“, како и двајца на интервентен тим за „Злоупотреба на службена положба“. Сите се осомничени дека не пријавиле кривично дело и со тоа спречиле процесуирање на Саша Вуковиќ за пукање во угостителски објект во Белград на 5 ноември лани.

Интервентната единица 92 е елитна единица на белградската полиција специјализирана за директна борба против најтешките форми на криминал. Единицата е формирана во 1992 година по углед на тимовите SWAT во САД. Тие се движат по улиците 24 часа на ден и се најмобилната и најоперативна полициска единица.






Во кривичната пријава е вклучен и Вуковиќ кој е во притвор, под сомнение за тешко убиство.

Притворен е и управителот на ресторанот поради непријавување кривично дело и помагање на сторител по извршување кривично дело.

Вишото јавно обвинителство распишало потерница и за уште едно лице.

Саша Вуковиќ е во притвор од 14 мај 2026 година, бидејќи постои сомневање дека на 12 мај со истрели го убил Александар Нешовиќ, познат како Баја, а потоа заедно со помошници го сокриле неговото тело во буре и го закопале во близина на Јарковачко Езеро, општина Инѓија.

Сега веќе поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ беше приведен заедно со уште 10 лица за убиството на Александар Нешовиќ во ресторанот „27“ во белградската населба Сењак на 12 мај.

Првично се посомнева дека делото е извршено во присуство на Милиќ и дека тој заедно со уште тројца полицајци од неговото обезбедување учествувал во отстранување на трагите од делото. ВЈО соопшти минатата недела дека кривичната пријава против тие тројца полицајци е отфрлена поради недостиг на докази.

За Милиќ вчера беше отфрлено обвинението – помош на извршител при извршување кривично дело. Кога станува збор за кривичното дело „непријавување на кривичното дело и сторителот“, обвинителството продолжува да собира докази. Досегашната истрага покажа дека постои основано сомнение дека Милиќ знаел за настанот во ресторанот, но како службено лице, не го пријавил кривичното дело, наведува Обвинителството.

Поврзани содржини