📷 УАПСЕНА ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „ГРДАТА БЕТИ“ Насилното однесување и нападот врз полицијата го одведоа во затвор

Шокатните снимки покажаа дека актерот изгледа зашеметено со нешто што изгледаше како исеченица на неговото десно око.

372

Актерот од „Грдата Бети“ Ерик Мабиус беше уапсен во четвртокот наутро на Флорида поради напад. Мабиус (53) беше однесен во затворот и притворскиот центар на округот Насау нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни пријави, напад и давање отпор на полицаец без насилство, според ТМЗ.

Шокантната снимка покажаа дека ѕвездата изгледа зашеметено со нешто што изгледало како исеченица на неговото десно око.

 






Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник на „Mode“ Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“ во која глуми заедно со Америка Ферер. Емисијата траеше од 2006-2010 година.

Раните филмови на Мабиус од 1990-тите ги вклучуваат „Chicago Hope“, „Party of Five“ и „Get Real“. Мабиус глуми во серијата „Потпишан, запечатен, испорачан“ *Signed, Sealed, Delivered) на „Халмарк канал“ од 2013 година.

 

Поврзани содржини