🎥 УАПСЕНА ПОРАНЕШНА ЦРНОГОРСКА МИНИСТЕРКА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ Незаконски сменила 140 директори на школи

По сослушувањето, на Весна Братиќ ѝ е одреден 72-часовен притвор поради опасност од влијание врз сведоци.

2

Црногорската полиција денеска ја уапси поранешната црногорска министерка за образование, наука и култура Весна Братиќ, поради сомнение за злоупотреба на положбата.

Братиќ ја извршуваше функцијата министерка во владата на Здравко Кривокапиќ од 2020 до 2023 година, првата по смената на власта на ДПС на Мило Ѓукановиќ.






Според објавеното од црногорските медиуми, Братиќ одговарала пред Специјалното јавно обвинителство на прашања за смената на директори на училишта во 2021 година, додека била на чело на ресорното министерство. Таа тогаш сменила повеќе од 140 директори на црногорски основни и средни училишта, со образложение дека не формирале училишни одбори. Сепак, судовите утврдиле дека смените биле незаконски, по што државата им исплатила на оштетените над 280 илјади евра отштета

По сослушувањето, на Братиќ ѝ е одреден 72-часовен притвор поради опасност од влијание врз сведоци.

Братиќ била блиска и со Српската православна црква (СПЦ), а многу од нејзините ставови за време на функцијата предизвикале поделби во црногорското општество.

Поврзани содржини