📷 УАПСЕНА ДИЛЕРКА ОД СКОПЈЕ Полицијата пронајде над 140 паковки дрога и поголема сума на пари

3,878

54-годишна скопјанка е приведена откако полицијата при претрес на нејзиниот дом пронајде поголема количина на дрога и пари кои ги стекнала од продажбата на наркотиците.

Како што информираат од МВР во домот на Р.Џ. (54) во Скопје при претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од 9.060 евра и 14.100 денари.






– По завршената акција на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје. Против Р.Џ. е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Затвор Скопје – велат од министерството.

Поврзани содржини