УАПСЕНА БАНДАТА „ТАНГА“ Џепчии на Миконос за мамец користеле девојки во танга
Како ги фатиле? Американски турист на кого му го украле телефонот успеал да ги лоцира преку Џи-пи-ес. Тогаш почнала акцијата. Локалната полиција ангажирала двајца агенти кои исто така биле Италијанци и тие веднаш ја препознале нивната шема: бандата прво пуштала две жени во танги да им го одвлечат вниманието на луѓето, а потоа двајца мажи ги ограбувале паричниците на луѓето.
Џепчии од Италија ограбувале луѓе на грчкиот остров Миконос откако претходно го „краделе“ нивното внимание со две убави девојки кои носеле танги. „Танга“ бандата која крадела паричници, злато и кредитни картички по баровите на плажите конечно беше уапсена денеска, јавува РТС.
Како ги фатиле? Американски турист на кого му го украле телефонот успеал да ги лоцира преку џи-пи-ес. Тогаш почнала акцијата. Локалната полиција ангажирала двајца агенти кои исто така биле Италијанци и тие веднаш ја препознале нивната шема.
„Танга“ бандата ја сочинувале две жени во танга и двајца мажи. Сите четири лица сега се зад решетки.