Во текот на вчерашниот ден во 11.40 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје била лишена од слобода С.А.Т.(43) од Скопје.
Според информациите од МВР при претрес кај неа и во нејзиниот дом била пронајдена прашкаста материја и марихуана.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.