УАПСЕН ЖАН ЖЕЛЕЗАРСКИ ОД „ДЕТОНАТОР“ Бегалецот е пронајден во Косово

Жан Железарски во 2013 година беше осуден на 14, и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама.

2,339

Жан Железарски, еден од осудените за случајот „Детонатор“ е уапсен во Косово, објави „Фокус“ од доброупатени извори. Информацијата за порталот е потврдена и од МВР, од каде што додаваат дека Железарски сега треба да биде екстрадиран од Косово.

За овој бегалец беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство.






Жан Железарски во 2013 година беше осуден на 14 и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама.

Во случајот „Детонатор“ им се судеше на 16 лица за лихварство, рекетирање и обиди за убиство, а двајца од нив беа осудени доживотен затвор.

Поврзани содржини