Велешката полиција информира дека вработен од Специјалниот завод во Демир Капија вчера е уапсен, откако бил фатен како допира и бакнува девојка згрижена во домот.
– На 10 август, во ОВР Неготино било пријавено дека околу 10.30 часот во Јавната установа Специјален завод во Демир Капија, бил затекнат Б. А. (51), вработен во Заводот, како бакнува и допира штитеничка на установата – соошти Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.