УАПСЕН ВОЗАЧОТ КОЈ УСМРТИ ВЕЛОСИПЕДИСТ И ПОБЕГНА Наместо да повика помош, го оставил возилото и избегал  

Несреќата се случи денеска околу 12:30 часот на мостот „Гоце Делчев“.

10,004

Возачот, кој со автомобил „пасат“ денеска удри во 78-годишен велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, па побегна од местото на несреќата, е уапсен неколку часа подоцна, информира МВР.

Несреќата се случи денеска околу 12:30 часот, кога 37-годишниот Х.К. од Скопје, управувајќи „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипедистот Ј.Ќ. (78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на самото место.






Наместо да повика помош, возачот го оставил возилото и избегал, но полицијата набрзо го пронашла и го уапсила.

Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и дека против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини