УАПСЕН ВО ТИРАНА, ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН ВО МАКЕДОНИЈА 36-годишник осуден во Куманово баран од Интерпол

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот, пишува Еуроњуз.

1,153

Полицијата во Тирана уапси 36-годишен државјанин, баран со меѓународна потерница за фалсификување валута, со цел да биде екстрадиран во Македонија.

„Овој државјанин е прогласен за меѓународно баран откако Основниот суд во Куманово го осуди на 2 години затвор, за кривично дело „Фалсификување валута“, се вели во полициското соопштение за акцијата со име „Операција 73“.






Според извештаите, 36-годишникот бил прогласен за баран и од страна на ДВП Драч, за кривично дело „кражба“.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со властите на Македонија, ќе ги спроведе постапките за екстрадиција на 36-годишникот, пишува Еуроњуз.

Поврзани содржини