ОБНОВЕНО Уапсен висок полициски службеник, запленета дрога вредна 800.000 евра

2,494

Во голема полициска акција денеска е запленета дрога во вредност од 800.000 евра, а приведен е и висок полициски службеник, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

Акцијата се одвивала во соработка меѓу македонската полиција и Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА.






Засега нема подетални информации.

 

ОБНОВЕНО

Според неофицијални информации, во акцијата е приведен командир од прилепската полициска станица.

Засега Министерството за внатрешни работи не ги потврдува овие информации.

Поврзани содржини