Уапсен угостител, полицијата прекина свадба во гостиварско

291

Приведен сопственик на угостителски објект, прекината семејна веселба

Гостиварската полиција вчера го привела М.И.(32) од с.Добридол, гостиварско, сопственик на угостителски објект во село Добридол, поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.






По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Поврзани содржини