УАПСЕН ТИНЕЈЏЕР КОЈ ЈА НАПАДНАЛ СОПСТВЕНАТА МАЈКА Ја удирал со тврд предмет
Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје затоа што на 9.10.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, соопшти МВР.
Тинејџер од скопско село завчера ја нападнал сопствената мајка, при што употребил и оружје – тврд предмет, соопшти полицијата. Насилникот е уапсен.
„Денеска (10.10.2024) во 07.30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје затоа што на 9.10.2024 околу 19.30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет“, соопшти МВР.
По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.