УАПСЕН СТРУМИЧКИ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОР КОЈ ЗЕМАЛ ПОТКУП Не пишувал пријави, си барал пари

Во еден случај примил поткуп за да не пријави прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши.

330

К.Ѓ. (33) од село Подареш, радовишко, вработен во Државниот пазарен инспекторат во Струмица уапсен е вчера под сомнение за примање поткуп, соопшти МВР.

Осомничениот од двајца жители на радовишко вчера примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не напише прекршочна пријава за вршење на нерегистрирана дејност, односно за да не преземе службено дејствие кое бил должен да го изврши. Во моментот кога бил уапсен кај него биле пронајдени парите кои ги примил како поткуп.






„Од дополнително преземените мерки и активности било утврдено дека К.Ѓ. во периодот од јуни до ноември 2023 година во повеќе наврати од жители на Радовиш и радовишко примил пари во вкупен износ од 18.000 денари и 150 евра како поткуп. Во еден случај примил поткуп за да не констатира прекршок по извршен надзор, а во останатите случаи поткупот го примил со цел да не изврши надзор кој бил должен да го изврши, се додава во соопштението.

К.Ѓ. е задржан во Полициската станица Радовиш и против него ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.

Поврзани содржини