Уапсен Слободан Кашчелан, еден од лидерите на Кавачкиот клан

Изворот на „Вијести“вели дека во акцијата на полицијата се уапсени уште најмалку четири други лица. Кашчелан и тројца членови на неговата криминалната група биле уапсени во Котор, додека еден бил уапсен во Плевље.

420

Црногорската полицијата синоќа во Котор го уапсила наводниот водач на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, пренесува весникот „Вијести“ од Подгорица.

Според весникот, повикувајќи се на неименуван извор вклучен во истрагата, Кашчелан бил уапсен под сомнение за организирање криминална група, која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за кои му се заканува казна и до  40 години затвор.






Изворот на „Вијести“вели дека во акцијата на полицијата се уапсени уште најмалку четири други лица. Кашчелан и тројца членови на неговата криминалната група биле уапсени во Котор, додека еден бил уапсен во Плевље.

Кашчелан во полициските архиви е регистриран како еден од водачите на Кавачкиот клан, заедно со Радоје Звицер.

Управата на Црногорската полиција синоќа не даде официјално соопштение за деталите за апсењата

Поврзани содржини