УАПСЕН СКОПЈAНЕЦ ОСУДЕН ЗА СИЛУВАЊЕ Се криел за да не ја одлежи затворската казна

По целосно документирање на случајот, уапсениот осуденик ќе биде спроведен во надлежна казнено-поправна установа, информира МВР.

241

Полицајци од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода при СВР Скопје, по издадена судска наредба, вчера во 14.20 часот во Скопје го уапсиле скопјанецот С.Х. (40).

Тој бил баран со потерница за издржување казна затвор од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.






По целосно документирање на случајот, уапсениот осуденик ќе биде спроведен во надлежна казнено-поправна установа.

Поврзани содржини