УАПСЕН ШВЕРЦЕР СО ПЕТАРДИ Му нашле околу 2.500 парчиња пиротехнички средства

Возачот не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во село Пршовце, бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства.

103

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера попладне го лишиле од слобода Ј.А.(22) од с. Селце, Тетовско.

Како што соопшти МВР, при преглед во возилото „форд фокус” со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 2.423 парчиња пиротехнички средства.






На автобуската постојка Беловиште тој со возилото не застанал на знак за запирање, но набргу, на автобуска постојка во село Пршовце бил престигнат и при контрола во возилото биле пронајдени пиротехничките средства.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини