УАПСЕН Е РАПЕРОТ ТАСКО? Веста ја објави брат му Борис, МВР нема таква информација

Пред малку успеав да се слушнам со него и ми кажа дека му е одземен мобилниот телефон, вели братот Борис во објавата на Фејсбук.

1,357

Македонски рапер Христијан Тасковски, познат за јавноста како Таско синоќа околу 22 часот бил уапсен од полицијата во еден познат трговски центар во Скопје.

Дел од медиумите ја пренесуваат веста која ја објавил неговиот брат Борис на социјалните мрежи:






„Сакам да ве известам дека мојот брат вчера е уапсен во еден наш трговски центар поради негова наводна вмешаност во криминална група. Пред малку успеав да се слушнам со него и ми кажа дека му е одземен мобилниот телефон. Ова е последна слика што ја направил наш заеднички другар што бил со него околу 22 часот… Се надевам дека наскоро ќе добијам повеќе информации и дека за кратко ќе биде ослободен“, се вели во објавата на Борис Тасковски.

Плусинфо побара одговори од Министерството за внатрешни работи, но оттаму ни велат дека засега немаат таква информација за тоа дали и зошто е упасен Таско.

Поврзани содржини