УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА ИЗНУДА Го фатиле на лице место како зема 1.000 евра

Полицаецот излажал граѓанин дека синот му должи 20.000 евра и од него барал да ги врати, а граѓанинот го пријавил во полиција, која го уапсила откако зел 1.000 евра.

561

Лишен е од слобода полициски службеник за сторено кривично дело Изнуда, поднесена е кривична пријава и  ќе следува суспензија од работното место, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полицаецот излажал граѓанин дека синот му должи пари и од него барал да ги врати.

„По претходна пријава од граѓанин во Одделението за криминалистички работи Гази Баба за сторено кривично дело Изнуда од полицискиот службеник Х.З.(48), Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презеде соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Имено, граѓанинот пријави дека Х.З. заедно со други лица во повеќе наврати му барале 20.000 евра, пари кои наводно синот на пријавителот ги земал од него. После тоа, преземени се мерки и извршена е криминалистичко-техничка обработка на парични средства, а на 25.12.2025 на подрачјето на Центар, непосредно по примопредавањето, Х.З. е лишен од слобода и при извршен претрес кај него се пронајдени 20 апоени од по 50 евра“, соопшти полицијата.






Тој е задржан во полициска станица, се додава во соопштението.

„Единицата за насилен криминал, Одделението за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје, против Х.З. поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Изнуда, по член 258 од Кривичниот законик. Одделот за внатрешна контрола против Х.З. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, соопшти полицијата.

Судија на претходна постапка на пријавениот  полицаец му определи мерки на претпазливост.

Поврзани содржини