📽️ УАПСЕН ПИРОМАНОТ КОЈ ГО ПОДМЕТНА ПОЖАРОТ КАЈ ТРОГИР Погледнете како специјалците го вадат осомничениот од автобус
Додека пожарникарите го гаснеле пожарот, полициски службеници на терен започнале увид во врска со постоење на индиции дека пожарот е подметнат пожар. Сомнежот за подметнување пожар го потврди и истрагата спроведена вчера, при што е утврдено дека пожарот бил намерно предизвикан.
Пожарот во Шегет Врањица во близина на хотелот „Медена“ намерно го предизвикал 35-годишен хрватски државјанин со запалка, утврдила сплитско-далматинската полиција и во саботата објавила видео од апсењето на осомничениот.
Кривичната истрага утврдила дека 35-годишен маж запалил оган на две места со намера да запалил пожар со запалка во четвртокот околу 18:55 часот во Шегет Врањица и предизвикал пожар кој зафатил осум хектари борова шума. Мажот подметнал пожар во борова шума, од чија источна страна има станбен комплекс и хотел во кој биле сместени околу 2.500 гости, а од западната страна има авто-камп во кој биле сместени околу 1.900 гости.
Тој е обвинет за загрозување на животи на луѓе и имот во поголеми размери.
Додека пожарникарите го гаснеле пожарот, полициски службеници на терен започнале увид во врска со постоење на индиции дека пожарот е подметнат пожар. Сомнежот за подметнување пожар го потврди и истрагата спроведена вчера, при што е утврдено дека пожарот бил намерно предизвикан.
По прибраните сознанија, идентитетот на мажот е утврден и утрово околу шест часот бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници на Специјалната и интервентната полициска единица и полициската станица Трогир. Во акцијата за апсење, полициските службеници го пресретнале автобусот во кој бил осомничениот, а потоа го совладале и го привеле. Полицијата сподели видео од акцијата во која била упасен осомичениот.
Uhićenje piromama koji je kod Trogira izazvao veliki požar. pic.twitter.com/nbNl1byOdQ
— Tomislav Radnić (@TRadnic) July 20, 2024