УАПСЕН ПИЈАН МОТОРЏИЈА ВО БИТОЛА Возел со 2,33 промили алкохол во крвта
Полицијата ќе му поднесе кривична пријава за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило, по член 297-а од Кривичниот законик.
Битолската полиција ноќеска уапси 50-годишен пијан мотоџија.
„На 10.3.2026 година во 00:10 часот на булеварот 1 Мај во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Н.(50) од Битола. При сообраќајна контрола е констатирано дека управувал мотоцикл „баотијан“ со битолски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта“, соопшти СВР Битола.
По документирање на настанот полицијата ќе му поднесе кривична пријава за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило, по член 297-а од Кривичниот законик.