Уапсен модниот магнат Питер Нигард, обвинет е за силување девојчиња и трговија со луѓе
Сопственикот на „Нигард Интернешнл“,Питер Нигард го обвиниле и неговите два сина дека изнајмил проститутка да ги силува на 14 и 15 години.
Канадскиот моден магнат Питер Нигард (79) денеска е уапсен и обвинет за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, рекет и други злосторства во кои учествувале десетици жени, од кои некои биле малолетнички, пренесува Њујорк тајмс.
Обвинителите сметаат дека злосторствата за кои е обвинет основачот на компанијата за женска облека „Нигард Интернешнл“ траеле неколку децении и биле извршени во САД, Канада и на Бахамите.
Модниот магнат е уапсен во Винипег, Канада, на барање на САД и договор за екстрадиција меѓу двете земји.
Обвинителите изјавиле дека Нигард го искористил влијанието на неговата компанија и вработените за да регрутира возрасни и малолетни жени што ги користел за да ги исполнуваат неговите сексуални желби и желбите на неговите познаници. Тој, наводно, го правел тоа во период од 25 години. Обвинителите исто така тврдат дека соработниците на Нигард дрогирале некои девојки за да бидат сигурни дека тие ќе ги исполнат неговите сексуални желби “.
Двајца од неговите синови го обвиниле во август дека изнајмил проститутка за да ги силува, а тој, наводно, рекол дека сака на тој начин да „направи мажи од нив“. Во тоа време, едниот имал 14, а другиот 15 години.