На улица „Илинденска“ во Гостивар, полицајци од гостиварската полиција го лишиле од слобода Е.И.(34) од с.Чегране, гостиварско., соопшти МВР.
– Тој по вербална расправија со остар предмет му нанел неколку убодни рани на Б.А.(37) од истото село. Б.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар каде му била укажана лекарска помош. Е.И. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.