УАПСЕН МАЛОЛЕТНИК ЗА ОБЉУБА ВО ДЕЛЧЕВО Средба на 17-годишна девојка се претвори во кошмар

Полицијата и Центарот за социјална работа интервенираа веднаш по пријавата, а родителите на осомничениот се известени за инцидентот.

361

Во Делчевско вчера околу 14:30 часот, 15-годишно момче беше лишено од слобода по пријава на 17-годишна девојка дека тој извршил обљуба врз неа по претходно договорена средба.

За случајот веднаш беше информиран јавниот обвинител, а надлежните служби, вклучувајќи го и Центарот за социјална работа, преземаат мерки за целосно расчистување на инцидентот. Родителите на малолетникот се известени за случувањата.






Полицијата истакнува дека случајот се третира со максимална сериозност, а сите постапки се спроведуваат согласно законските прописи за заштита на малолетници.

Поврзани содржини