Уапсен Гаги Џогани поради дрога

1,074

Газмен Џогај, односно Гаги Џогани, танчaр и поранешен учесник во реалното шоу „Задруга“, е уапсен синоќа во Белград, бидејќи со себе имал две ќесички кокаин, дознаваат српските медиуми.

Гаги наводно го запрела интервентната полиција и при претресот на автомобилот ги пронашла ќесичките со кокаин.






Поранешниот музичар, а во последно време и ријалити ѕвезда, претходно имал проблеми со наркотиците, за што отворено зборуваше за српските медиуми.

Гаги ја шокираше јавноста со своето признание во 2016 година, дека користел дрога.

Неговиот брат Џоле Џогани и неговата сестра Нада се шокирани од сознанието дека Гаги е уапсен.

FOTO: Instagram

Поврзани содржини