УАПСЕН Е ПОРАНЕШНИОТ КОМАНДАНТ НА „ЛАВОВИ“ Горан Стојков бил баран со потерница
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) пишува дека приведувањето се случило на бензинска пумпа на булеварот Србија во Скопје.
Поранешниот командант на расформираната полициска единица „Лавови“ , Горан Стојков, попладнево е уапсен во Скопје.
Тој беше баран со потерница за издржување казна затвор од една година.
Во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР) пишува дека приведувањето се случило на бензинска пумпа на булеварот Србија во Скопје.
„На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната“, наведено е во билтенот.
Горан Стојков е македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“.
Во текот на конфликтот во 2001 година Стојков беше на терен во сите воени жаришта во Тетовско, Кумановско и на Скопска Црна Гора.