УАПСЕН E БЕГАЛЕЦ ОД ЗАВОР Ќе треба да одлежи уште 4 години

Полицијата ќе го предаде бегалецот на надлежната казнено поправна установа.

122

Полицајци од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот.

Како што информираат од МВР, С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 став 1 од КЗ, а за доиздржување има 4 години, 3 месеци и 12 дена.






Полицијата ќе го предаде бегалецот на надлежната казнено поправна установа.

 

Поврзани содржини