УАПСЕН Е 80-ГОДИШНИК ОД АЕРОДРОМ Ја истепал сопругата, ја нападнал и ќерката

698

Вчера во 15.25 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(80) од Скопје, затоа што околу 14.00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнал својата сопруга и 57-годишната ќерка, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини