Таткото на славната раперка Ники Минаж, Роберт Марај, почина на 13 февруари, во 65-та година од животот, откако го удрило возило додека шетал на улица во Њујорк. Сега е откриено кој бил возачот тој кобен ден.
Возачот налетал со возилото на Роберт, го удрил, но запрел туку побегнал од местото на несреќата, поради што сведоците тогаш не можеле да го опишат осомничениот. Роберт бил пренесен во критична состојба во болница, каде им подлегнал на повредите, минатиот викенд.
На прес-конференцијата во средата вечер, полицијата соопштила дека влегла во трага на возилото и дека неговиот сопственик, Чарлс Полевиќ, се предал.
Детективот Фицпатрик рекол дека осомничениот бил апсолутно свесен“ што се случило на местото на настанот.
– Излегол од автомобилот и го погледнал ранетиот човек, влегол во својот автомобил и свесно донел одлука да замине, наместо да повика 911, да повика Брза помош за човекот – рекол им детективот на новинарите.
„Отишол дома и го скрил возилото. Добро знае што направил“, додал тој. Полевиќ бил апсолутно свесен што се случило на местото на настанот.
Полицијата набрзо на Лонг Ајленд го уапсила и привела Полевиќ.