УАПСЕН ЧЛЕН НА ИЗБОРНИОТ СОВЕТ ВО ЧАИР Инцидент во училиштето „Имри Елези“, реагирала полицијата
Инцидентот се случил за време на паузата на гласачкото место бр. 2938 во Чаир, а полицијата се уште не соопшти детали за апсењето.
Член на изборниот совет е уапсен денес на гласачкото место број 2938, сместено во просториите на основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објави Алсат.мк.
Според информациите од терен, апсењето се случило за време на паузата, кога приведеното лице излегло надвор да пуши цигара. Набргу потоа, полицијата интервенирала и го привела членот на изборниот одбор.
Од Министерството за внатрешни работи се очекува во наредните часови да соопштат повеќе детали за случајот.