Во јавноста протече дека рок-легендата Брус Спрингстин (71) упаднал во сериозни проблеми со законот, откако кон крајот на годината бил уапсен поради возење под влијание на алкохол и несовесно возење во националниот парк својата родна држава Њу Џерси, пишува „Дејли мејл“.
„Спрингстин, чија петдецениска кариера често ја истакнуваше својата матична држава Њу Џерси и нејзиното крајбрежје, беше приведен на 14 ноември на патека покрај плажата Сенди хук“, изјави Дафне Јан, портпаролка на Националната рекреативен парк Гејтвеј.
Тој треба да се појави на суд во наредните неколку недели.
„Спрингстин беше кооперативен во текот на целиот процес“, додаде таа во соопштение по електронска пошта.
Веб-страницата со вести за славни личности „ТМЗ“, која првично објави за инцидентот во средата, тврди дека Спрингстин треба да се појави на судско рочиште во следните неколку недели.