Уапсен Британец кој се заканувал со бомба за време на лет во авион
Авионот со 142 патници и шест членови на екипажот слетал безбедно на аеродромот во Гардермон, соопштија официјалните лица.
Норвешките власти соопштија дека уапсиле 51-годишен Британец кога тој е осомничен дека се заканувал со бомба за време на летот на авионот „Рајанар“ од Лондон за Осло.
Инцидентот бил проследен со широка безбедносна операција на аеродромот во Гардермон во норвешката престолнина, а авионот го следеа кралските дански борбени авиони.
Авионот со 142 патници и шест членови на екипажот слетал безбедно на аеродромот во Гардермон, соопштија официјалните лица.
Норвешката полиција на својот профил на „Твитер“ напиша дека авионот „Рајанер“ добил закана за подметната бомба додека е во воздухот, дека ситуацијата не е решена и дека голем број полицајци се на лице место.
Полицијата подоцна изјави дека ситуацијата е под контрола и дека сите патници биле евакуирани безбедно.
Началникот на полицијата, Олав Унестад, изјави за норвешкиот весник „ВГ“ дека апсењето на Британецот било извршено без проблеми.
– Почнавме истрага за овој случај и ќе го испрашаме човекот што е можно поскоро – рече Унестад.