На улица.„Бoца Ивановска” во Скопје, вчера во 15.20 часот полициаец го уапсил Ќ.А.(29) од Арачиново, скопско, за кого биле распишани три Централни потерници од МВР, информира МВР.
-Тој бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Скопје за бегство од затвор за доиздржување казна затвор и по наредба на Основно јавно обвинителство за издржување притвор.
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка – велат од МВР.