УАПСЕН АКТЕРОТ ОД „САМ ДОМА“ Ја давел својата девојка (ФОТО)

Според судските списи, Ретрeј е обвинет за семејно насилство и давење на поранешната девојка.

890

Актерот Девин Ретрeј, познат по улогата на Баз Мекалистер, постариот брат на малиот Кевин во филмот „Сам дома“, е уапсен во средата откако властите на Оклахома Сити издадоа налог поради расправија и напад врз неговата девојка на почетокот на овој месец.

Според судските списи, Ретрeј е обвинет за семејно насилство и давење.






Полицискиот извор за „Фокс њујз“ рекол дека актерот сам се предал, како и дека на крајот бил пуштен од притвор бидејќи платил кауицја од 25.000 долари, додека Ретреј и понатаму ги отфрла сите обвиненија против него.

Според детално преработениот полициски извештај до кој дошол магазинот „Пејџ сикс“, жената изјавила дека Ретрај ја удрил по лицето, и ја покрил устата со рака и се обидел да ја задави. Конфликтот настанал во хотелска соба во Оклахома, каде актерот подивел бидејќи неговата тогашна деовјка не го наплатила автограмот за двајца обожаватели.

Како што пренесуваат американските медиуми, актерот во текот на кавгата се обидел да ја задави, ја држел за вратот и со раката ѝ ја затворил устата, обидувајќи се да ја спречи да повика помош. Таа наводно го гризнала за раката, а Ретреј потоа ја удрил, после што таа успеала да побегне.

Портпаролот на полицијата во Оклахома Сити го потврди инцидентот, но не го потврди идентитетот на жената, наведувајќи ги грижите за приватност.

Поврзани содржини