УАПСЕН 70-ГОДИШЕН КАВАДАРЧАНЕЦ На улица ја тепал сопругата
Насилникот во полиција го пријавила сопругата.
Седумдесетгодишен кавадарчанец бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал сопругата, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Денеска во 00:05 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишиле од слобода Ф.М., постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна сопруга, дека во близина на семејниот дом, физички ја нападнал“, појаснија оттаму.