УАПСЕН 25-ГОДИШНИКОТ КОЈ СО „КАВАСАКИ“ УСМРТИ ПЕШАК НА ЛЕНИНОВА Ќе добие пријава по брза постапка
По идентификацијата и разговорот во полициска станица во СВР Скопје, Ф.Љ. денеска бил лишен од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Уапсен е скопјанецот Ф.Љ. (25) кој пред два дена со мотор усмрти пешак на пешачка патека во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицискиот билтен, младиот моторџија на 1 јули околу 19.30 часот на пешачка патека кај Ленинова, со мотоцикл „кавасаки“ удрил во 68-годишниот Ј.Н. и побегнал.
Ј.Н. подоцна им подлегнал на повредите во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
По идентификацијата и разговорот во полициска станица во СВР Скопје, Ф.Љ. денеска бил лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка во координација со јавен обвинител.