УАПСЕН 21-ГОДИШНИОТ ВОЗАЧ ШТО УСМРТИ ПЕШАК ВО МАРИНО Ќе се вештачи автомобилот, телото е на обдукција
Возачот кој усмрти пешак во Марино е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Истрагата продолжува, додека институциите ги утврдуваат сите околности за несреќата.
Возачот кој удри и усмрти пешак во скопско Марино е лишен од слобода, информираше Министерството за внатрешни работи. Возилото „киа“ на 21-годишниот е одземено и ќе биде предмет на вештачење. Вештачењето треба да даде појасна слика за околностите .
Исто така, јавен обвинител наредил обдукција на телото, додека увидната екипа на СВР Скопје извршила детална проверка на местото на несреќата.
Несреќата се случила на улицата „500“ во селото Марино. Патничкото возило управувано од младиот возач удрило во 52-годишен пешак, кој од здобиените повреди починал на самото место.
Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.