УЈП ЗГРЕШИЛА, ЈАС ЧЕКАМ ПОВРАТ НА СРЕДСТВА Миле Зечевиќ демантира дека должи за данок

Зечевиќ информира дека веднаш по објавата на веста на Плусинфо поднел барање за корегирање на грешката во системот на УЈП.

1,549

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ Вардарски демантира дека должи пари за данок и дека Управата за јавни приходи (УЈП) направила грешка објавувајќи го на Листата на должници.

„Тврдењата и информациите објавени во вашиот медиуми дека генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски должи 11.500 евра за данок не се точни и во целост ги демантирам. Сосема спротивно од наведеното, УЈП има донесено Решение за поврат, односно за враќање на повеќе платен данок од моја страна уште на почеток на октомври 2023 година. Очигледно станува збор за техничка грешка во системот на УЈП за евиденција, којшто по грешка го има префрлено податокот во листа на должници наместо во листата на лица кои чекаат поврат на средства токму од УЈП.






Фактичката состојба може лесно да се провери директно во Управата за јавни приходи. Бидејќи ваквите тврдења и дезинформации внесуваат заблуда кај граѓаните и јавноста, а од друга страна нанесуваат штета на мојот углед и чест бараме овој демант да биде објавен а спорните објави повлечени. Воедно, ве информирам дека веднаш поднесов барање за корегирање на грешката во системот на УЈП. Во прилог можете да го видите Решението на УЈП од 02.10.2023 година кое го потврдува изнесеното во овој демант“, се наведува во демантот на Миле Зечевиќ Вардарски.

Во прилог е Решението од УЈП за Миле Зечевиќ:

 

Поврзани содржини