УЈП ВЕТУВА ДЕКА ДО УТРЕ СИСТЕМОТ ЌЕ ГИ „ПУШТИ“ ПЛАТИТЕ Скопската дирекција денеска и утре ќе работи до 19 часот
Од Управата за јавни приходи информираат дека одредени застои се создаваат поради тоа што работодавачите пресметките ги доставуваат по неколку пати.
Поради големиот интерес од страна на работодавачи кои сакаат да исплатат декемвриска плата до крајот на месецот и за да се избегнат турканиците кои настанаа во текот на денешниот ден, вработените кои работат на пресметка на плата МПИН во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи – Скопје денеска и утре ќе работат до 19 часот, информираат од Управата.
-На овој начин Управата за јавни приходи ќе овозможи сите работодавачи кои имаат подготвени пресметки истите да ги достават и да ја исплатат декемвриската плата до крајот на овој месец- велат од УЈП.
Оттаму информираат дека одредени застои во обработката на образецот се прават поради тоа што одделни работодавачи образецот го поднесуваат по неколку пати.
– Поради големиот интерес од страна на работодавачи кои сакаат да исплатат декемвриска плата до крајот на месецот образецот го поднесуваат и по неколку пати и истиот може да направи мал застој во обработката. Некои работодавачи ги поднесуваат пресметките и директно во Управата за јавни приходи регионална дирекција Скопје, каде што се услужени од даночните службеници – велат од УЈП.
Во однос на информацијата дека има застој во доставувањето и обработката на обрасците за плата од УЈП информираат дека доставувањето на образец МПИН, кој се врши преку електронската пошта [email protected] , не е во застој и непречено функционира.
– Од вкупно 64.900 очекувани МПИН пресметки, до сега се прифатени 34.000 пресметки, а според статистиката, од почетокот на оваа работна недела, системот обработува во просек над 5.500 пресметки за МПИН на дневна основа. Образецот МПИН се поднесува до 10- ти во месецот за претходниот месец, а плаќањето се врши до 15- ти во месецот – велат од УЈП.
УЈП потсетува и дека пресметката за плата МПИН се доставува преку интернет, на е-пошта [email protected] . При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, потребно е пресметките за плата да се достават одделно за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставена пресметка за плата не треба да се праќа повторно преку е-пошта [email protected] и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и налогот за плаќање по обработката ќе бидат доставени на електронската пошта на подносителот.
Денеска имаше големи редици пред просториите на УЈП од вознемирени сметководители кои се плашеа дека нема да ги завршат навреме обврските за исплата на плати.
ЌЕ ЗЕМЕМЕ ЛИ ПЛАТА ДО УТРЕ? Голема гужва во УЈП откако цела недела не работи системот