УЈП: Уверенија се издаваат електронски, од утре работиме од 8 до 14 часот

Поради потребата од уверение за платени даноци и придонеси за конкурирање за бескаматните кредити од Развојна банка, денеска граѓаните направија турканици пред канцелариите на УЈП.

377

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира даночните обврзници наместо да доаѓаат лично на шалтерите  електронски да го поднесуваат барањето на уверение  за платени даноци и придонеси  на  е-Даноци.

Управата, поради турканиците кои се создадоа денеска пред вратите на одделенијата го промени работното време од  8.00 до 14.00 часот за прием на странки во регионалните дирекции, одделенијата и шалтерите.






– Причина за оваа одлука на Управата за јавни приходи во услови кога во земјата е прогласена вонредна состојба поради коронавирусот Ковид-19, е да им излезе во пресрет на сите оние обврзници кои се најпогодени од последиците од коронавирусот и на кои им е потребно уверение за платени даноци и придонеси, што ќе им послужи пред Развојната банка  – велат од УЈП.

 

Поврзани содржини