УЈП: Уште 7.710 фирми добија одобрување за поддршка за исплата на плата
Заклучно со денеска УЈП одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени ,
Управата за јавни приходи информира дека ги обработи и одобри барањата за финансиска поддршка на 7.710 фирми во износ од 659.324.245 денари
Заклучно со денеска УЈП одобри и обработи вкупно 17.813 барања за финансиска поддршка на фирми за исплата на плата за месец април 2020 година за 110.325 вработени, а вкупниот износ на финансиската поддршка изнесува 1.545.193.018 денари.
Владата минатата недела изврши исплата на финансиските средства на 10.103 фирми.
Од Управата за јавни приходи информираат дека и во наредниот период ќе ги дообработуваат останатите барања на фирми кај кои имаше технички недостатоци во МПИН пресметката.