УЈП ТЕХНИЧКИ ГИ НАДГРАДИ ЕЛЕКТРОНСКИТЕ СИСТЕМИ Сега пристапот е поедноставен

Имплементиран и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот.

75

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека се надминати вчерашните проблеми со пристапот до електронските системи.

Управата соопшти дека технички се надградени електронските системи со цел нивното користење да биде уште полесно и поедноставно.






– Најавата на почетната страница на системот е-ПДД (https://e-pdd.ujp.gov.mk/) сега е пренасочена преку порталот е-даночни услуги (https://e-ujp.ujp.gov.mk/), со што пристапот станува поедноставен и побрз. Со едноставно кликање на линкот „ПДД“ во горниот десен агол на екранот, ќе можете да ги користите сите функционалности кои веќе ги познавате и кои се дел од постоечките функционалности на системот е-персонален данок – велат од УЈП.

Оттаму додаваат дека е имплементиран и нов начин на дигитално потпишување, независен од верзијата на JAVA и типот на интернет пребарувачот, како втора опција за дигитално потпишување во системот. За користење на оваа опција, потребно е да се инсталира софтверот.

– Со воведување на оваа можност сакаме да излеземе во пресрет на даночните обврзници кои се соочуваат со предизвици при функционирањето на дигиталното потпишување на различни платформи и интернет пребарувачи. Како дел од процесот на унапредување, во текот на вчерашниот ден се појавија краткотрајни технички предизвици. – велат од УЈП.

Поврзани содржини