УЈП ПРИЗНА ДЕКА ПОСТОЕЛ ПОВРАТ НА ДДВ СО ЛАЖНИ ФАКТУРИ, ТВРДИ ВМРО-ДПМНЕ Што правела Лукаревска и која е нејзината улога во аферата?
Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
УЈП преку брифинзи на одредени медиуми ги призна информациите на ВМРО-ДПМНЕ дека постои лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови, посочуваат од најголемата опозициска партија.
„Целата оваа афера е во надлежност на заменик претседателката на СДС и директорка на УЈП Сања Лукаревска. Каков претседател, таков заменик претседател.
Вистинското прашање е што правела Лукаревска? Каква е нејзината врска со оваа афера?
Кои се омилените фирми на власта кои влечеле милиони евра фиктивно од државниот буџет?
Дали меѓу нив има фирми блиски до СДС и ДУИ?
Нема сегмент од каде оваа криминална банда не краде.
Овие клептомани ќе украдат дете од мајка, а не пак да го чуваат државниот буџет.
Европскиот фронт, неевропски краде. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!“ – се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.