УЈП ПОЧНА СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА ДАНОЦИ Прoдадени станови и куќи на должници во вредност од 314.230 евра
На одделни месечни аукции УЈП продаде и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6.129.604 денари (99.177 евра).
Управата за јавни приходи (УЈП) присилно наплати околу 314.230 евра од даночни обврзници преку продажба на недвижен имот.
Преку е-аукција во јули продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 квадратни метри и тоа: стан од 72 м² (Охрид), деловен простор од 111 м² (Струмица), земјиште од 103 м² (Прилеп) и просторија на мезанин од 17 м² (Скопје). Вкупната постигната продажна вредност на недвижниот имот изнесува 13.289.807 денари (215.045 евра).
На одделни месечни аукции УЈП продаде и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6.129.604 денари (99.177 евра).
– Од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник – велат од УЈП.
УЈП имала и две неуспешни аукции на недвижен имот, по што овој имот кој вреди 536.794 евра завршил во сопственост на државата. Станува збор за деловна просторија од 21 м² (Прилеп), земјоделско земјиште од 13.333,92 м² (Кавадарци), деловен простор од 259 м² и викендица од 91 м² (Струмица), два стана од по 93 м² (Битола).
– Државата се стекнува со имот од неплатени даночни обврски кога имотот нема да се продаде на две е-аукции. Во таков случај долгот на должникот се отпишува за 50 отсто од проценетата вредност на имотот кој преминува во државна сопственост – појаснуваат од УЈП.
Согласно законските овластувања, УЈП спроведува електронски аукции (е-аукции) како дел од постапките за присилна наплата на даночни долгови а мерката се применува во случаи кога даночните обврзници не ги подмируваат своите обврски доброволно и откако ќе бидат исцрпени другите, поекономични методи за наплата.
УЈП апелира граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски.
– Неплаќањето данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот – велат од УЈП.