УЈП: Пари за исплата на плати за април им е одобрена на 16.546 компании за 103.307 вработени

1,255

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека финансиска поддршка за исплата на плати за месец април 2020 година им е одобрена на вкупно 16.546 компании за 103.307 вработени.

Како што информира Секторот за односи со јавност на УЈП, вкупниот износ на досега одобрената финансиска поддршка изнесува 1.447.278.909 денари.






„Даночните службеници кои работат викендов прават конечна обработка на МПИН пресметките во кои се содржани останатите барања за финансиска поддршка, за коишто в понеделник УЈП ќе го извести Генералниот секретаријат на Владата на РСМ за спроведување на исплатата“, се додава во соопштението на Управата за јавни приходи.

Поврзани содржини