УЈП: Нема да преземаме дополнителни мерки кон даночните обврзници

487

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата.

– Ги информираме даночните обврзници дека нема да доставуваме решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот – се вели во соопштението на УЈП.

Поврзани содржини