УЈП ГО ЗАТВОРИ ЗИМЗОЛЕНД Забавниот парк во Аеродром под клуч, не се знае дали ќе работи за празниците
Засега нема официјално известување од надлежните институции за статусот на забавниот парк
Забавниот парк „Зимзоленд“ во скопската населба Лисиче вечерва е затворен, откако, според неофицијални информации што ги објави Скопје1, попладнево таму во контрола биле инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП), кои утврдиле неправилности во работењето.
Засега нема официјално известување од надлежните институции за статусот на забавниот парк, за кој деновиве беше соопштено дека нема дозволи за работа, но, продолжи да функционира.
Не е познато до кога ќе биде затворен забавниот парк и дали ќе проработи пред и за време на новогодишните и божиќните празници.